| четврток, 6 декември 2018 |

Имаше слава, милиони, играше финале во ЛШ, а сега е бездомник

Пред десет години беше еден од најдобрите десни бекови на светот, беше незаменлив во составот на Арсен Венгер, а денес ги преживува најтешките моменти од својот живот. Фудбалерот Емануел Ебуе имаше се што може да се посака: слава, милиони, играше финале во Лигата на шампионите, а денес е бездоник.

Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска за британски „Мирор“ открива низ што сè минува во последниот период.

Во текот на својата богата играчка кариера, Ебуе настапуваше за Арсенал и Галатасарај, а сега стравува дека ќе стане бездомник. Во еден период за да преживее работел и на фарма.

Еубе (34) останал без пари, откако како што вели тој, верувал на погрешни луѓе. Богатството кое го стекнал, играјќи фудбал го загубил во разводот со сопругата Орелие, која сега му забранила да ги гледа и трите деца. Сега тој живее во заедничката куќа, која ја имаат во Лондон, но секојдневно стравува дека ќе биде избркан од полицијата.

– Често ги гасам светлата во куќата, бидејќи не сакам да привлекувам внимание и луѓето да не знаат дека сум внатре. Иако живеам во мојата куќа, многу сум исплашен. Очекувам во секој момент да дојде полицијата и да ме избрка. Оваа куќа ја купив со мои пари, а сега се плашам дека ќе ме избркаат. Понекогаш спијам и кај мојот пријател на подот во неговата куќа. Не можам да си простам колку бев наивен во одредени моменти. Искрено, не очекував дека некој може вака да ме изигра, многу ми е тешко да го прифатам ова. Во Турција заработив осум милиони евра, и на мојата сопруга ѝ пратив седум милиони и се што ќе ми кажеше да потпишам, потпишував. Сега тоа ми се одбива од глава и ме остави без ништо. Немам никаков контакт со децата, а тоа посебно ме боли – вели фудбалерот.

По авантурата во Турција, во 2016 година Ебуе се врати во Премиер лигата, но поради тешка повреда ниту еднаш не го облече дресот на Сандерленд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top