| четврток, 6 декември 2018 |

Нема кворум за новиот јавен обвинител

Поради немање кворум, претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери  на денешното продолжение на 22. седница даде пауза од половина час, по која пратениците треба да гласаат за именување нов државен јавен обвинител. Во собраниската сала имаше 60 пратеници.

– Објавувам пауза од 30 минути за координаторите да ги соберат пратениците, рече Џафери.

Парламенатрната расправа по владиниот предлог Љубомир Јовески да биде именуван на оваа функција заврши на 15-ти овој месец.

За именување на јавен обвинител, Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас. Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување.

Досега оваа функција ја извршуваше Лилјана Спасевска, откако Марко Зврлевски беше разрешен на 17 август годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top