Италијанската полиција го уапсила работникот од службата за Итна помош, 42-годишниот Давиде Гарофало, кој е осомничен дека убивал тешко болни пациенти во замена за пари, а се во договор со погребално претпријатие поврзано со мафијата.
Полицијата го уапсила работникот во Катанија на Сицилија во рамките на случајот “Итна помош на смртта”.
Овој медицински работник вбризгувал воздух во вените на тројца пациенти, што довело до нивна смрт од емболија, додека биле префрлани дома од болница во градот Бијанкавила.
За секој смртен случај работникот добивал по 300 евра. Тој на несреќните семејства им го препорачувал погребалното претпријатие поврзано со мафијата.
Уште двајца работници во Итната помош се под истрага поради слични случаи.
Се верува дека на овој начин биле убиени педесетина луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст