| четврток, 6 декември 2018 |

И јас тоа отсекогаш го сакав – Трамп се воодушеви кога ја слушна желбата на едно момче

Претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама Меланија одговараа по телефон на повици од деца кои се интересираа каде се наоѓа Дедо Мраз и што ќе им донесе за празниците.

На овој начин, тие се вклучија и ја продолжија традицијата на НОРАД за следење на патешествието на Дедо Мраз околу светот. Се работи за доброволци кои, почнувајќи од 24 декември, одговараат на телефонски повици, но и на писма испратени до Дедо Мраз.

Интернет страницата годишно ја посетуваат речиси девет милиони луѓе од над 200 земји во светот.

Претседателот Трамп и првата дама се јавуваа од Флорида, каде што ги минуваат божиќните празници.

Меѓу јавувачите, беше и едно дете од Мисисипи, на коешто Трамп му рече дека неговата сојузна држава е супер и дека Дедо Мраз ќе донесе многу среќа и бериќет.

Едно од децата што се јавиле е и момче од Вирџинија, кое изразило желба под елката да најде материјал за градење, на што американскиот претседател, кој се прослави и обогати на полето на градежништвото, го охрабрил со зборовите: И јас тоа отсекогаш го сакав!

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top