| четврток, 6 декември 2018 |

Турција отпушти уште 3.000 луѓе: биле членови или поврзани со „терористички“ групи

Турција соопшти дека уште 2.756 луѓе се отпуштени од работните места во јавните институции, вклучително и војници, наставници и вработени во министерствата поради нивната поврзаност со „терористички“ организации.

За отпуштените работници било утврдено дека се членови или се поврзани со „терористички“ групи, структури што дејствуваат против националната безбедност, според уредбата објавена во службен весник.

Околу 50.000 луѓе беа уапсени по неуспешниот пуч во јули, а околу 150.000 луѓе беа отпуштени или суспендирани во војската, полицијата, образовните институции и јавните служби, поради наводна поврзаност со движењето на Фетула Ѓулен, свештеник што живее во САД.

Властите го обвинуваат Ѓулен за организирање на обидот за државен удар. Ѓулен, кој од 1999 година живее во Пенсилванија во самонаметнат прогон, ги негираше обвиненијата и го осуди пучот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top