| четврток, 6 декември 2018 |

Меган Маркл е жена на годината!

Од актерка во американска драмска серија до членка на најмоќното кралско семејство – тоа и појде од рака на Меган Маркл, што пак, и ја донесе титулата Жена на годината според британското списание Хелоу’

Симпатична и опуштена, а истовремено доста грижлива, глумицата за кусо време го освои срцето на најпосакуваниот неоженет принц Хари, но и на целиот свет.

– Меган е поим и претставничка на новата генерација жени, кои можат се. Таа е одличен извор на инспирација – изјави биографот на принцезата Дајана, Ендрју Мортон, кој моментно работи на животната приказна на Меган Маркл.

Нејзе и успеа да и се допадне на инаку строгата кралица Елизабета Втора, така што таа годинава направи исклучок… Меган е поканета на тридневната божиќна прослава во Сандрингем, каде традиционално доаѓаат само членови на кралското семејство. Со таква почест не беа удостоени ниту Кејт Мидлтон, ниту Камила Паркер, ниту Дајана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top