| четврток, 6 декември 2018 |

Китаровиќ: Хрватска не е во хибридна војна со ниту една држава

Хрватска е изложена на влијанија кои може да се сведат на некој вид на хибридни дејствија, но со ниту една држава не е во хибридна војна, смета хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

– Она што е факт е тоа дека Хрватска, како и другите држави, беше изложена на извесни влијанија кои би можеле да бидат опфатени со овој или оној вид на хибридно дејствување. Тоа на некој начин е и данокот од развој на технологијата, и ние со тоа можеме и мораме да се носиме, изјави Грабар Китаровиќ за „Вечерњи лист“.

Според неа, не е добро ако поради тоа во земјата се создаде параноидна состојба.

– Особено ние функционерите, кои сме повеќе од другите изложени на такви делувања, мораме да бидеме подготвени да поднесуваме критики и кога се оправдани и кога не се оправдани, дури и ако се плод на хибридни дејствувања. Во исто време, системот на државната безбедност треба да се оспособува и да знае и може да ефикасно да се спротивстави и на хибридните операции, вели Грабар Китаровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top