| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски со честитка до католичките верници: Божиќ учи на солидарност, да споделуваме и да им помагаме на оние на кои тоа им е потребно

Од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ го честитам Рождеството Христово – Божиќ, на сите верници кои го прославуваат според Грегоријанскиот календар. Ви посакувам многу пријатни празнични мигови, среќа и благосостојба во Вашите домови, стои во честитката по повод празникот Рожденство Христово Божиќ од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Нека Рождеството Христово роди нова надеж во Вас, нека донесе светлост во Вашите домови и многу радост, среќа и здравје на Вас и Вашите најблиски. Славењето на Рожденството Христово значи славење на љубовта, победата над предрасудите и разликите. Божиќ е празник на семејството. Божиќната радост треба да биде споделени со најмилите и најблиските. Божиќ учи на солидарност, да споделуваме и да им помагаме на оние на кои тоа им е потребно. Божиќ учи да бидеме човечни и да ги сакаме нашите блиски, но и луѓето кои не ни се блиски. Толеранцијата и почитувањето е темел на Христијанството, стои во честитката од Мицкоски до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија и се додава:

„Во овие моменти најмногу ни требаат овие вредности. И кога добрината е нападната од нечесност, во времиња кога притисоците и одмаздата стануваат основна детерминанта во општеството, а стравот кај луѓето главно чувство, да не заборавиме на разумот и мудроста. Да не заборавиме дека времето потрошено на омраза, значи помалку време за добрини и напредок. Дозволете ми уште еднаш до сите верници кои го слават католичкиот Божиќ да го честитам овој голем празник. Ви ги упатувам моите најсрдечни поздрави. Ви посакувам многу мир и спокој. Нека Бог го осветли Вашиот пат. Нека донесе многу радост во вашите домови“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top