| четврток, 6 декември 2018 |

Маж вперил пиштол во 12-годишник и се обидел да го ограби

Татко на 12-годишник пријавил во полиција дека вчера во 19.00 часот на улицата „Дрезденска“бб, поточно во близина на ОУ„Војдан Чернодрински“, непознат сторител извршил разбојништво во обид над неговиот малолетен син.

Според пријавата разбојникот го прашал момчето колку е часот, по што од панталоните извадил пиштол, го репетирал и почнал да му пребарува по џебовите од јакната. Кога увидел дека нема што да му земе, сторителот го напуштил лице местото.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top