| четврток, 6 декември 2018 |

Шведски државјанин најден починат во Добрушево

Вчера во 16,55 часот во МВР, Т.П.(34) од битолското село Добрушево, пријавил дека го пронашол починат Р.Т.(41) од Шведска, со привремен престој во Добрушево.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. Од првичниот визуелен преглед на телото на починатиот не биле забележани знаци на насилна смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top