
Творецот на „чоколадната диета“ Лени Ниман тврди дека таа совршено дејствува, само што не смеете да консумирате други слатки освен чоколадо, како што се, например, гумени бомбони и бисквити.
За време на чоколадната диета, исто така, не смеете да внесувате: алкохолни пијалоци, сол, шеќер, масло, пржена храна, млечни производи, црвено месо, апетисани, чипс, брза храна, колачи, кафе и газирани пијалоци. Од овошје избегнувајте: авокадо, кокос, грозје и смокви.
Тајната во „слатката” диета е во тоа што го забрзува метаболизмот, а чоколадото делува и како стимуланс. Ќе бидете среќни што слабеете, но и што јадете чоколадо. Сепак, не заборавајте да пиете минерална или обична вода која повеќе го стимулира метаболизмот.
Иако чоколадната диета се чини примамлива, немојте да претерате со еднолична исхрана, бидејќи таа не е добра, без разлика за која диета се работи.
Мени:
Појадок: пуканки (без сол и путер) и овошје.
Ручек: салата од тестенини.
Ужина: пуканки, една топка овошен сладолед со млеко со ниска масленост или црна чоколада.
Вечера: тестенини со сос од домати и лук, салата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


