| четврток, 6 декември 2018 |

АМСМ: Нема метеж на граничниот премин „Богородица“

bogorodica granica

Голем број граѓани се обратиле до Автомото-сојузот на Македонија за да прашаат за сообраќајниот метеж на граничниот премин „Богородица“ со Грција откако напладне објавивме дека голем број граѓани чекаат и по три часа за влез во јужниот сосед.

– Нема метеж на граничниот премин. Утринава имаше мал застој, но граѓаните чекаа максимум по 20 минути – велат во АМСМ.

Сепак, до „Република“ во меѓувреме стигнаа и други информации за претпладневниот застој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top