| четврток, 6 декември 2018 |

Нови клучни докази за убиството на Јелена: Фатени се на снимка, Зоран имал и соучесник

При речиси двегодишната истрага за убиството на пејачка на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, најдени се и видео снимки од камерите на улицата, како и од автобус и продавница во близината на местото на злосторот.

За тврдењето дека Зоран Mарјановиќ, сопругот на Јелена, кој е во притвор е нејзиниот убиец, направено е вештачење и на видео снимките од камерите.

Има три снимки, а,  според изворите на српските медиуми, тие може да бидат клучни во истрагата. Едната го забележала Марјановиќ на патот на Борча, а другата на насипот каде трчала Јелена.

На едната снимка во автомобилот се гледа жена, која е како Јелена, а со оглед на тоа колку личи љубовницата на Зоран на неа, се претпоставува дека е таа, што може да е доказ дека и таа е соучесник во делото.

Ѕвездата на Гранд беше убиена на насипот кај Борча во Црвенка на 2 април 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top