| четврток, 6 декември 2018 |

Ова утро нека започне со топли и крцкави лепчиња

Направете вкусен, топол и крцкав појадок однадвор, а внатре мек како душа.

Ова е рецептот и начинот на подготовка:

СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО:

  • 500 гр брашно
  • 1 јајце
  • 250 мл вода
  • 1/2 квасец
  • 3 лажици масло
  • 1 лажичка сол

СОСТОЈКИ ВРЗ ТЕСТОТО:

  • 200 мл јогурт
  • 1 јајце
  • 1 лажица масло
  • оригано
  • сол
  • 100 гр сирење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Од состојките за тесто се замесува меко тесто и се остава до еден час да нарасне.
  2. Тестото ќе биде доста меко, затоа ставете брашно на работната маса и формирајте лепињи. Од оваа смеса ќе излезат десетина.
  3. Секоја лепиња премачкајте ја со смеса од јогурт и јајце кои заедно ќе ги изматите заедно со солта, маслото и ориганото.
  4. Потоа нанесете го и изрендано сирење.
  5. Нека стојат десетина минути, па печете на 220 степени околу 10 минути.

Добар апетит!

Послужете ги со јогурт или павлака

Рецепт за појадок по препорака од Готви.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top