| четврток, 6 декември 2018 |

Годинава 139 луѓе го загубиле животот во сообраќајни несреќи

Точно 139 луѓе годинава го загубиле животот во сообраќајна несреќа а на патиштата во Македонија регистрирани се 7.330 сообраќајки, од кои 122 биле со смртни последици. Овие загрижувачки информации ги покажуваат најновите податоците на Републичкиот сојуз за безбедност на сообраќајот за период од јануари до ноември.

Засега податоците покажуваат дека има пад во бројот на сообраќајки со смртни последици и загинати лица во однос на 2016. година. Па така, во минатата година во 150 незгоди со смртни последици загинале 165 луѓе.

Информациите велат дека 51,2 отсто од возачите во Кочани не поседуваат возачка дозвола од соодветна категорија, додека во Кратово 7,3 проценти возат со времена забрана за управување на моторно возило.

Податоците на РСБСП кои се однесуваат на бројот на возачи кои управуваат нерегистрирани возила покажуваат дека во Пехчево 100 отсто од возилата се регистрирани, додека 26 проценти од возилата во Прилеп се нерегистрирани.

Безбедносниот појас најмногу го користат возачите во Пехчево, додека 91,3 отсто штипјани не го користат. Кацига најмногу користат моторциклистите од Лозово, а дури 93,7 проценти во Василево не носат кацига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top