Во последната недела од годинава, не очекуваат студени денови, но со температури кои нема премногу да се спуштат под нулата во пресрет на Новогодишната прослава.
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, кон крајот на денот ќе има намалување на облачноста, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен ќе биде в долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до минус еден, а дневната од три до 11 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до осум степени.
До среда ќе се задржи стабилно и суво време, со пораст на дневната температура. Во вторник и во среда по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, а на повисоките места и на планините ќе дува умерен ветер претежно од северозападен правец и ќе има умерена облачност.
В четврток и в петок ќе има локални врнежи од дожд, а во западните делови во вечерните часови врнежите ќе поминуваат во снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст