
Не сите Хрвати се радуваат на 1 јули. Денот кога Хрватска официјално ќе биде нова членка на ЕУ, ќе значи и нова мака за хрватските свињари. Според „Глас на Славонија“, сега ќе дојде евтиното европско месо, а хрватскиот земјоделски сектор не е подготвен покрај напорите на власта. Дел од свињарите за весникот велат дека не е сѐ така црно ако се стави акцент на маркетинг за продажба на „хрватски свињи“ за да се подигне свеста, но, според други, ниту тоа не би ги поттикнало осиромашените Хрвати да купуваат поскапи домашни наместо евтини европски производи.
Свињарството сега покрива само 30 проценти од домашниот пазар, а малото производство на месо и млечни производи може да предизвика демографско нарушување на условите за живот во хрватските села. Споредено со предвоените години, состојбата на терен е преполовена. Весникот тврди дека сега многу се очекува од новите оперативни програми за рурален развој, кои ќе бидат на располагање од 2014 година, но за тоа е потребна сериозна анализа, по примерот на Естонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


