Долго време се претпоставува дека ирвасите кои ја влечат санката на Дедо Мраз се машки. Дури и името на главниот ирвас е Рудолф, меѓутоа со ова тврдење не се согласуваа зоологот Ендру Хебда од музејот Нова Шкотска.
Тој објаснува дека и мажјаците и женките ирваси имаат рогови и тие се единствениот вид елени со таа карактеристика. Сепак, во текот на есента за време на сезоната за парење на мажјаците им отпаѓаат роговите.
– Женките пак, ги задржуваат роговите се до породувањето, што се случува на пролет. Значи, единствени ирваси кои во време на новогодишните и божикните празници имаат рогови – се женките, појасни Хебда, но не објасни како ирвасите на Дедо Мраз летаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст