Премиерот Зоран Заев, Нова година ќе ја дочека во Солун, Грција, каде домаќин ќе му биде градоначалникот на градот, Јанис Бутарис, дознава порталот НОВА.
Заев ја прифатил поканата која Бутарис му ја упати додека беше во работна посета на Скопје во ноември, и кога се сретнаа со македонскиот премиер.
Освен што го покани во Солун, во знакот на добрососедските односи, Бутарис истакна и дека ќе се залага, следната средба на премиерите Заев и Алексис Ципрас, да се одржи токму во Солун.
Премиерот во ноември рече дека со солунскиот градоначалник се согласиле дека политичарите од двете земји имаат обврска да ги отворат перспективите на граѓаните и додаде дека тие можат да излезат како победници ако изнајдат решение на повеќедеценискит спор со името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст