| четврток, 6 декември 2018 |

Делегатите гласаат за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ (фото галерија)

Во Домот на културата во Валандово денеска продолжи со работа 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој што се очекува да биде избран новиот претседател на партијата по оставката на Никола Груевски.

За да биде избран за претседател, Мицковски треба да има мнозинство од вкупниот број делегати. Тогаш, согласно конгресната агенда, Мицкоски ќе има обраќање пред делегатите. Бројот на присутни делегати денеска порасна на 438.

Синоќа, пред почетокот на конгресот, Мицковски рече дека им подава рака на неговите партиски неистомисленици, меѓу кои и Илија Димовски и Антонијо Милошевски, кои не присуствуваа на когресот, а чија иницијатива за одлагање на конгресот и бирање колективно раководство, не беше прифатена.

– Во периодот што претстои не само што има подадена рака, туку и прегратката е отворена и за сите добронамерници и граѓани на кои политките на ВМРО-ДПМНЕ им се блиски да помогнат затоа што сведоци сме последниве седум месеци е период на закани, уцени на Владата предводена од СДСМ, а мене лично ме загрижува безидејноста во насоките каде оди државата, рече Мицковски.

Тој очекува лојалност од пратениците кои застанаа зад иницијативата, што, според него, е потврдено со нивното присуство на конгресот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top