Семејството на пратеникот Крсто Муковски нема никаква информација за неговата здравствена состојба. Откако синоќа се влоши неговата здравствена состојба и тој беше пренесен на скопските клиники по што беше вратен назад во притворското оделение во затворот во Шутка, нема информација каква е неговата здравствена состојба.
Неговиот брат Бобан, во телефонски разговор за „Република“ вели дека семејството на пратеникот од медиумите дознало за неговата здравствена состојба, и никој не ги известува ниту одговара на повиците за информација.
– Ние од вашиот сајт дознавме дека на Крсто му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во болница. Некои портали пишуваа и дека доживеал инфаркт, што навистина не вознемири. Никој не не ифнормира за здравствената состојба на брат ми, не држат во мрак, никој не ни кажува што се случува со него, целото семејство е вознемирено. Последен пат го видовме пред 12 дена кога бевме на посета, а следната посета ни е закажана за во вторник. – вели Бобан Муковски во телефонски разговор за „Република.
На пратеникот Крсто Мукоски му се влошила здравствената состојба во затворот во Шутка
Братот на Муковски додаде дека поради мракот во кој се држат, од семејството се обратиле и до народниот правобранител.
Освен семејството, за здравствената состојба на Муковски во мрак се држат и медиумите. Од истражниот затвор во Шутка, на барањето за информација за неговата здравствена состојба не информираа дека не смеат да откриваат вакви информации за медиумите. Молк и од МВР а на телефонските повици не одговараат и од ургентниот центар.
И адвокатот на Муковски, Гоце Ристески вели дека нема никаква информација за состојбата на неговиот клиент. Вели дека дури во понеделник ќе може да оди да го посети во истражниот затвор во Шутка.
– Имам само информација дека судот е информиран за влошената здравствена состојба на Крсто Муковски – ни рече Ристески во краткиот телефонски разговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст