| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Мандатот во партијата го започнав со нож во грб, го завршувам со повеќе ножиња во грб

Мојот долгогодишен соработник и еден од најбриљантните умови на македонската политичка сцена, Мартин Протогер, кој освен што добро ги познава сите задкулисни игри од тој  почетен период, уште подобро ги знае истите такви од последниот период, и особено последните неколку месеци, пред некој ден ми кажа како на некој пријател му рекол за мене, цитирам: човекот го започна мандатот во партијата со нож во грб, и го завршува со нож во грб. Го корегирав, и му реков, дека не е во право, и дека, го завршувам не со еден, туку со повеќе, и не ножеви, туку ножиња во грб, изјави Никола Груевски, од денеска почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде:

Денес нема да зборувам, ниту за ножот, ниту за ножињата, тоа е приказна за други времиња и прилики, или можеби приказна која треба да остане само во мене и неколкумина околу мене засекогаш, кои беа сведоци на сите познати и повеќе непознати случувања во партијата, затоа што денес, како никогаш досега ни е потребно единство, кое ќе ги стави настрана сите негативни работи, единство кое ќе не обедини и однесе во победа, единство кое преку враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, ќе ја врати и посветеноста, работата, грижата и одговорното и отчетно работење во Македонија на една власт, ќе ги врати инвестициите, новите работни места, зголемувањето на стандардот, градбата на крупни инфраструктурни проекти, зголемувањето на животниот стандард, решавањето на многу проблеми со кои се соочуваат граѓаните, наместо сегашната хипокризија, и поигрување со интелегенцијата на народот и неговата доверба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top