Тепањето во Парламентот од одредени поединци поведени од емоции и патриотски чвуства на 27 април беше голема грешка, иако беше директно и обмислено испровоцирано од владејачките партии и нивните позадински подржувачи. Неслучајно јас таа ноќ имав толку остра прес конференција. Знаев што следува, знаев дека прстот ќе се впери кон ВМРО, и дека со тој чин ќе се создаде перцепција во која најголем губитник ќе биде токму ВМРО-ДПМНЕ, и се разбира граѓаните кои наседнаа на стапицата – рече Никола Груевски во денешниот говор пред насобраните делегати кои се дел од 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се бира нов партиски претседател.
Тој искажа жалење што дел од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ биле погодени од тоа негово обраќање, но, како што вели, некој морал да истури кофа со ладна вода, и да ја каже вистината во тој момент колку и тоа да изгледало брутално и бесчуствително.
–Сите ние ги поддржувавме мирните протести на еден или на друг начин, тие беа од корист за Македонија, тие беа оправдани, и со патриотски карактер, а не шовинистички, но кога толпата луѓе ќе почне самата да води политика водена од емоции, се прават кардинални грешки. Затоа постојат водачи и тие треба да се следат од толпата а не таа по емоции да крои политика – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст