ВМРО-ДПМНЕ денес е најсилниот бренд во Македонија. Не постои посилен бренд во Македонија од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е резулат на многу работа и многу успеси, а успехот е резултат на голем број исправно донесени одлуки. Тој бренд, тој политички капитал, најпрвин во него инвестирале и го создавале со својат крв и живот илјадници наши предци низ историјата, од Христо Татарчев, Даме и Гоце, преку Сарафов, ПереТошев, Петар Поп Арсов, Сандански, Русински, Сугарев, Чакаларов, Лазар Поп Трајков, Пандо Кљашев, Атанас Лозанчев, Христо Узунов, Христо Матов, Ефтим Чучков, Чернопеев, Ѓорче Петров, преку Тодор Александров, Петар Чаулев, Протогеров, Панчо Михајлов Чавдар, Мише Развигоров, Влахов, Димо Хаџи Димов, Павел Шатев, и илјадниците други соборци, не само во оние 41 година славна историја, туку и подоцна нивните следбеници на идејата и борци за независна Македонија, особено во времето на комунистичкиот режим како Ченто, и повторно Шатев, Панко Брашнаров, Драган Богдановски, Ѓорѓи Доцев, Шишков и огромен број други репресирани и убивани, па потоа оснивачите и раководствата на современата наша партијата во време од 13 години кога ја водеше Љубчо Георгиевски, а во чии дел учествував и јас, како и раководствата на партијата во време од 14 и пол години кога јас ја водев партијата, тој мега бренд, денес ќе го предадам во рацете на нов претседател.
Под тој бренд во последното 12 и полгодишно владеење на локално ниво и 11-годишното владеење на државно ниво се направија крупни промени и подобрувања, реформи и решавања на проблеми на народот, се отворија 173 илјади нови работни места, се намали невработеноста од околу 38 осто на околу 22 осто, се донесоа крупни инвеститори и мултинационални компании кои и во наредните 4-5 години ќе имаат клучно влијание во намалувањето на невработеноста затоа што сите тие фирми имаат 5-годишни развојни планови и договори за продажба, заради кои секоја година ќе бараат нови работници и инженери и ќе го зголемуваат бројот на вработени во нивните компании.
Комплетно се смени и силно зајакна инвестициската клима и услови за правење бизнис во Македонија. Македонија во повеќе години беше прогласувана во групата на топ реформатори од страна на Светската банка, која од 94та, по 11 години напорна работа не вброи во првите 10 земји во светот и првите 5 земји во Европа, според добрите услови за правење бизнис, станавме држава со најниски даноци на светот и најниска ефективна даночна стапка, извозот се удвои, туризмот се удвои, и се достигна во еден момент највисоката стапка на раст во историјата на Македонија, а тоа е 6,1 осто раст во 2007 г., се изградија и реконструираа стотици километри автопатишта, експресни, регионални и локални патишта, улици и булевари, водоводи и канализациски мрежи – како никогаш претходно во историјата на Македонија, се изградија аеродроми, железници, гасоводи, хидроцентрали, стотици училишта, факултети и универзитети, градинки, болници, амбуланти, објекти на државната управа.
Под овој бренд се изработи визната либерализација за граѓаните на Македонија, се добија 7 последователни извештаи на ЕК со препорака до ЕС за почнување на преговорите, се исполнија сите услови за влез во НАТО уште во 2008 г., се реши прашањето за демаркација со Косово. Се направија крупни реформи во образованието, се отворија многу нови универзитети и факултети, се воведоа бесплатни учебници за сите ученици, се набавија компјутери за сите ученици, се модернизираа наставните програми со Кембриџ учебниците, се овозможи студирање во странство со целосна државна помош на сите кои се запишуваа на најнапредните 100 или 200 универзитети светот, се спроведоа крупни реформи во здравството, од воведувањето на ДРГ технологијата до мој термин, во 10 наврати се намалија цените на лековите, и се направија крупни заштеди на средства со групните набавки и паралелниот увоз, се даде најголемата финасиска подршка на земјоделците во историјата на овој народ, и на илјадници семејства им се овозможи да добијат за симболични суми земја за земјоделски работи, се легализираа дивите градби, за симболични износи се откупија дворовите, се овозможија ниски давачки за увоз на автомобили, се изградија капитални објекти во културата, театри, музеи, филхармонија, библиотеки, археоплогија, десетици нови можности од областа на социјалната заштита и работните односи, се зголемуваа и во најкризните години плати, пензии, социјални помошти, субвенции… растеше стандардот на населението.
Под овој бренд се создаде а потоа се направи и најдобар централен регистер во Европа и еден од надобрите катастри, се направија крупни исчекори и реформи во админситарцијата, судството, медиумската свера, зајакнување на демократијата, човековите права, изборните закони…
Под овој бренд се извојуваа многу битки за националните и државни интереси на Македонија, во прв ред за уставното име и идентитот, и заради тоа се претрпеа многу удари, клевети, навреди, местенки, а еве на крајот и тешки и сериозни политички прогони и хајки на стотици луѓе од партијата, апсења, фабрикувани истраги и обвиненија, монтирани судски процеси, непреспиени ноќи.
Всушност, причината за спроведената операција за промена на владата, е токму тоа, отпорот на ВМРО-ДПМНЕ кон налетите за промена на името и идентитот по терк на јужниот сосед, а со цел остранување на пречката за побрзо заокружување на геостратешкиот план за членство на Македонија во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, што како цели и намера, беа и се уште се и цели и намера и на ВМРО-ДПМНЕ, но ние сакавме тоа да биде со фер компромис и решение за името, а не со диктат. Затоа се направи преврт и се донесе СДСМ која има ветено дека по секоја цена дека ќе го реши ова прашање. По секоја цена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст