| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Во 2003 година кога станав претседател се личеше безбадежно, но после бевме 11 години на власт

Се сеќавам кога во мај 2003 година на Конгресот во Охрид, бев за прв пат избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. И тогаш бевме во опозиција, за многумина се личеше безнадежно, вклучувајќи ме и мене како нов претседател. СДСМ исто како и денес, беше веќе 7 месеци на власт на која дојде со убедлива победа со речиси двојно повеќе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ – рече Никола Груевски во својот говор на денешниот, 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека исто како и денес, ништо конретно не работело во тие 7 месеци, освен што секојдневно апселе членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, и секојдневно им фабрикувале афери.

-За разлика од денес, предноста која тогаш анкетите ја покажуваа во нивна корист беше со соодност три и пол на еден во нивна корист, споредено со денес кога ако се тргнат ефектите од масовното поткупување на изборите, притисоците, уцените и заплашувањата, подршката е приближно на изедначено ниво. Економијата тонеше, слично како што тоне и денес. Реформи немаше, исто како што нема ни денес. Нови проекти, домашни или странски инвестиции немаше, само слушавме ветувања како ќе биде подобро, дека ќе влеземе во ЕУ и НАТО, а додека тоа го продаваа на народот, и додека сами себе се прикажуваа како чесни и големи борци против криминалот, паралелно корупцијата и криминалот завземаа димензии како во времето на деведесетите кога цели 6 години беа на власт и кога ги имавме легендарните шверцови на нафта со кршењето на ембаргото, ТАТ, итн. И денес е слично. Зборуваат секој ден дека ќе ја искоренат корупцијата и криминалот, а криминалот и корупцијата растат, токму потикнати од нив – рече Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top