Денеска сме собрани на овој конгрес на партијата, со кој ВМРО-ДПМНЕ го започнува новиот поход кон победата, кон новата победа и враќањето на власт во Република Македонија. Тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ го имаше цели 11 години, во кои успешно и со огромен напредок ја движеше Македонија, со бројни успеси резултати. Тоа е она што народот повторно ни го даде на последните парламентарни избори со победата над СДСМ пред една година, но за жал месец и половина подоцна ни беше неправично одземено, и беше погазена вољата на народот – порача досегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешниот, 16. Конгрес на партијата што се оддржува во Валандово.
Тој нагласи дека жали што Конгресот се случува во вакви емотивни и невообичаени околности кога партијата е истовремено нападната однадвор, но и под внатрешен притисок и неразбирлива реакција од членови со кои до пред една недела делеле добро и зло и не слутеле дека по неколку дена нема да го препознаат нивното однесување.
-Јас сум водач на партијата цели 14 и пол години, во кои имавме 10 изборни победи по ред и еден пораз под околности кои беа далеку од регуларни. Во овие години на успеси и напредок, се вложив целиот и сето мое време, сила и енергија, за партијата и за државата, одкажувајки се од слободното време и од многу животни попријатни можности, запоставувајки го семејството и моите деца, изложувајки се енормно на многу стресови, клевети, навреди, омаловажувања и непријатности, но останав цврст и стабилен и при најтешките удари, и тешко ми паѓа кога преку ноќ ќе видам вакво однесување на мои блиски соработници во ситуација кога, како и сите ние се наоѓаат под притисок. А ова е таков период. Интересно е што и во 2003-тата кога станав претседател во опозиција, најголем дел од блиските соработници оддеднаш се налутија, се раскараа и ја доведоа во незавидна ситуација партијата, па бев принуден излегувајки од таа битка како победник, да формирам нов тим со целосно неискусни но стабилни, храбри и одлучни луѓе за да дојдеме до успехот и победата – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст