
Доживотни суспензии за уште 11 руски спортисти денеска изрече Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Одлуките се образложени се прекршување на правилата за допинг за време на зимската Олимпијада во Сочи во 2014 година, но и претходно.
Со острата мерка се опфатени Иван Скобрев, носител на две медали во брзо лизгање од Игрите во Ванкувер во 2010 година, како и неговиот колега Артем Кузнецов.
Суспензија е изречена и за Татјана Иванова и Алберт Демченко, освојувачи на сребрени одличја во санкање во Сочи, за крос-кантри скијачите Никита Кроков, Александар Бесмертњих и Наталија Матвеева, за олимпијците во боб – Људмила Удобкина и Максим Белугин и хокеарките Татјана Бурина и Ана Шухукина.
Сите остануваат без освоените медали и добија забрана за учество на сите олимписки игри во иднина, стои во дописот на Дисциплинската комисија при ИОК. Одлуките се донесени во рамки на истрагата за допинг на руските спортисти на Олимпјадата во Сочи.
Претходно ИОК донесе одлука за суспензија на Русија и од Игрите во Пјонгчанг во февруари во 2018 година. На Олимпијадата во Јужна Кореја, сепак, ќе може да настапат оние спортисти од земјата кои ќе добијат покана и тоа во неутрална форма, односно, без руското знаме и без интонирање на националната химна во случај на освојување на златен медал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


