| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва е најопасна ноќ за Косово војната – НАТО не згреши

Амбасадорот на Велика Британија на Косово, Рори Оконел, оцени дека по барањето за промена на Законот за Специјалниот суд, вечерва е најопасна ноќ на Косово по војната.

– Имам впечаток дека личните интереси се ставаат пред интересите на државата – изјави Оконел за приштинската ТВ Кохавижн.

Тој рече дека членките на НАТО не згрешиле кога одлучиле да интервенираат на Косово.

-Ние точно знаеме што се случуваше на Косово за време на војната. Ни беше мило кога пред две години беше прифатена правда за сите. Тешко ми е сега кога слушам дека има тенденција да се стави надвор од сила законот за специјален суд. – рече тој.

Амбасадорот најави и реакција доколку Косово одлучи да го укине судот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top