
Советот за безбедност на ОН едногласно воведе нови санкции против Северна Кореја, како казна за нејзината нуклеарна и ракетна програма. Целта на резолуцијата е да се забрани околу 90 отсто од извозот на нафтени деривати во Северна Кореја, со што ќе се ограничи на 500.000 барели годишно. Исто така се бара репатријација на Севернокорејците кои работат во странство во рок од 12 месеци.
Нацрт резолуцијата, што ја изработија САД, предвидува и намалување на снабдувањето на Северна Кореја со сирова нафта на четири милиони барели годишно.Резолуцијата е изгласана со 15 гласа „за“.
Северна Кореја на 29 ноември тестираше досега најмодерен проектил за кој се смета дека може да погоди градови на западниот брег на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


