Речиси нема нешто за што принцот Чарлс и принцезата Дијана се сложиле во нивниот турбулентен брак. Во 15-те години колку што биле заедно имале повеќе несогласувања отколку среќни заеднички моменти, а тие не започнале со раѓањето на децата, туку уште во првиот момент откако официјално се заедно.
Еден од многуте проблеми биле и имињата на принцовите Вилијам и Хари.
Како и многу други родители и Чарлс и Дијана имале инакви идеи, а во нивниот случај освен што треба да им се допаѓаат, имињата мора да бидат традиционални и моќни за да се согласуваат со титулата крал.
Според традицијата, имињата на наследниците се бираат од имињата на владетелите од минатото, па на семејното стебло на британското кралско семејство главно се врата неколку имиња: Џорџ, Филип, Хенри, Елизабета, Викторија
Вилијам Артур Филип Луис е полното име на принцот Вилијам, а Хенри Чарлс Алберт Дејвид на Хари. Дијана ги избрала откако го одбила предлогот на Чарлс првите имиња на младите принцови да бидат Алберт и Артур.
-Тој сакаше првите имиња на синовите да бидат Алберт и Артур, но мене ми беа премногу старомодни, открила принцезата во едно интервју.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст