| четврток, 6 декември 2018 |

Саша Ќириќ: Горд сум на резултатите на нашите селекции во 2017 година

Генералниот менаџер на македонските репрезентации при ФФМ, Саша Ќириќ кратко анализирајќи ја годината што изминува не го крие задоволството од резултатите на нашите селекции изминативе 12 месеци.

Ќириќ нагласува дека на почетокот во ФФМ и тоа како било тешко да се создаде победнички ритам, по оние долги години „апатија“ во националните тимови, но со многу труд сега македонскиот фудбал е на вистинскиот пат…

„Првите две години беа тешки и напорни, не само за мене, туку и за целата Фудбалска федерација. Се соочувавме и настојувавме да се бориме со негативниот тренд и падот на ранг листата на ФИФА, но ако ја погледнеме годината што изминува можеме сo гордост да зборуваме за резултатите, не само на А репрезентацијата на Македонија, туку и за сите младински селекции“ – вели Ќириќ и дополнува:

„Јас сум дел од првите генерации на репрезентацијата на Македонија, самиот знам како и на кој начин сме патувале и во какви услови сме ги играле натпреварите, затоа сега настојуваме да им ги овозможиме сите услови на репрезентативците се со цел да можат да бидат концентритрани единствено на најважното – играта на терен. Верувам дека со овој пристап во иднина ќе следат уште многу поголеми успеси за македонскиот репрезентативен фудбал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top