| четврток, 6 декември 2018 |

Силјановска: Законот за употреба на јазиците ќе доведе до нефункционална и парализирана држава

Јас не сум чула да има влада која ќе функционира со преведувачи. Ќе дојде до парализа на постапките и остапува од она што е во Рамковниот договор рече професорката Гордана Силјановска во нејзиното гостување во емисијата Отворено Студио.

– Таму е јасно напишано дека во кривичните и граѓанските постапки било која обвинета особа или било која друга странка има право на превод на државен трошок на сите документи во согласот на сите релеванти акти на Советот на Европа. Овде тоа не го пишува. Овде пишува дека има двојазичност и тоа сигурно ќе доведе до голема конфузија во спроведувањето. Кога си спомнав органите, точно во рамковниот договор пишува дека пратениците МОЖАТ да се обраќаат на пленарните седници и на јазикот што го збруваат 20 %. Некој сега им наметува дека МОРА“ вели Силјановска.

Според Силјановска истиот пример е и за судовите. Таа посочува дека дури и ако еден член во постапката е припадник на албанската заедница се мора да биде двојазично. Тоа според неа е наметување.

– Во законот има суми кои се навистина да се размислување. 106 милиони денари за 2018-та година. 16 милиони денари за 18 и за 20-ти член од законот за јазици, 90 милиони за различни буџетски корисници. Тоа е нешто што мислам дека ќе доведе до нефункционална или парализирана држава“ посочи Силјановска.

Таа потенцира дека ваквиот закон излегува не само од рамките на рамковниот договор туку излегува и од амандманот 5. Но во новиот закон јасно се посочува дека покрај државните органи двојазични ќе станат фирмите, претпријатијата, правните лица, агенциите, дирекциите итн. кои се на територијата на целата држава. Според неа ова ќе ја блокира и економијата на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top