\
Во градот Џералдтон во Австралија, запленети се 1,2 тони метамфетамин, што е досега најголемо запленето количество во земјата. Неговата вредност се проценува на 1,04 милијарди австралиски долари (802 милиони американски долари).
Полицијата покренала и обвиненија против осум лица и соопшти дека сите се Австралијци.
Пет надлежни органи, вклучувајќи ја и федералната полиција истакнаа дека со ова заплена е надминат претходниот рекорд од 903 килограми метамфетамин, конфискуван во Мелбурн на почетокот на годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.