| четврток, 6 декември 2018 |

Жена измамена од лажен мајстор за ролетни: И земал 200 евра и никогаш не дошол да ги монтира

А.Т. (32) вчера околку 15.00 часот во полициска станица пријавила дека на 21.10. оваа година околу 14.00 часот во нејзиниот дом била измамена од страна на лицето Д.Г. Измамата е извршена на тој начин што откако Д.Г. дошол во нејзиниот дом претставувајќи се дека е мајстор за ролетни и дека монтирањето на ролетните ќе ја чини 275 евра, а работата ќе ја заврши до 28.10.2017 година, за што примил аванс од 200 евра. Но, од тој датум Д.Г. воопшто не дошол ниту пак и се јавил.

Оштетената неколку пати телефонски му се јавувала, но Д.Г. и давал разни изговори односно ја држел во заблуда. На 14.11.2017 година околу 18.00 часот дошол на нејзиното работно место по нејзино барање, и истиот потпишал на лист хартија дека земал 200 евра и дека до 18.11.2017 год. ќе ги монтира нарачаните ролетни, за што ќе му бидат доплатени 75 евра.

Но и покрај тоа Д.Г. и натаму не ја завршил работата со што се стекнал со противправна имотна корист од 12.300 денари.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top