Како би изгледале Европа и светот доколку Адолф Хитлер, наместо погрешните потези, ги направил вистинските и на крајот неговиот Рајх излегол како победник во епската пресметка меѓу глобалните титани, дуел што се претворил во најголемата кланица што светот ја има забележано?
Ова прашање си го поставуваат неонацистите, тврдокорните антифашисти, како и оние помеѓу. Додекa првата група жали за ваквиот изгубен свет што никогаш не успеале да го остварат, другите тоа го прават од чист мазохизам.
Не е познато кој е авторот на ваквата карта, но очигледно некој е добро запознаен со случувањата и историјата на Европа, а особено на Балканот.
Прво, една генерација по Втората светска војна, до 1973 година, би била целосно поинаква. Стариот континент би бил драстично поинаков од оној што денеска го познаваме. Поголем дел од источна Европа би била поделена на рајхскомесаријати (остландски, украински, московски и кавкаски), Полска и понатаму би била дел генерално губернаторство под директна контрола на Берлин (иако, сепак, поверојатно е дека Полјаците, како и Русите, би биле истребени, а нивната земја во целост би била анектирана), Романија би ја добила назад Молдавија, а Словачка би била унгарски протекторат.
Крим и областа северно од Крим би биле дел од големогерманскиот Рајх со име Гоенленд, односно готска земја (како што се нарекувала пред околу илјада години) кога Готите владееле со Крим и целиот тој простор и долго биле присутни на тој дел, се ̀до 20 век.
На западот и на северот од Европа, Белгија, Холандија, Данска и Норвешка би биле четирите одвоени рајхскомесаријати, Италија би ги имала Истра и западните делови од денешна Словенија, а сето друго во средна Европа би било проголтано од страна на Германија, најважна тука е Швајцарија поради тоа што Германија во текот на војната ги имала проголтано веќе Чешка и источните делови од денешна Словенија.
Балканот. Пред да преминеме на судбината со Србија, најинтересен момент што е вреден да се спомене за оваа карта (објективно најинтересен) е тоа што Бугарија би ја добила цела источна Тракија. Тоа значи целиот југословенски полуостров на Балканот. Со други зборови, Бугарија би го добила и Истанбул како казна за Турците затоа што одбиле да се приклучат на Тројниот пакт.
Тоа не би било крај на бугарските аквизации, тие би ги држеле сите словенски краеви, Македонија и источна Србија. Границата меѓу Бугарија и независната држава Хрватска би била на Морава. Албанците би ги држеле Косово и западна Македонија и источните и југоисточните делови на Црна Гора, кои би биле населени со етнички Албанци, а изгледа и делови од западна Грција.
Независната држава Хрватска би се проширила дури и на повеќе од што би се проширила во текот на самата војна. Како подарок од нацистите би добила добар дел од западна Србија, меѓу кои и Белград и централна Шумадија со Крагуевац.
Остатокот од српската земја би припаѓал на Црна Гора, која би била марионетска држава во италијанската сфера на влијание.
Прашањето што сега сите Срби си го поставуваат веројатно гласи: Зар навистина мислите дека Србите тукутака би молчеле и не би се кренале?
Би се кренале и би биле жртви на најголемиот и најбрутален геноцид што светот некогаш би го видел. Усташите со воена, материјална, логистичка и политичка поддршка од Третиот Рајх, едноставно, би ги убиле сите Срби. Во 1973 година, во која временски е сместена оваа алтернативна историска карта, во Белград и централна Шумадија веројатно не би имало ниту еден жив Србин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст