Со просечна нето-плата од 13.010 денари вработените во секторот рибарство се најниско платени работници во Македонија. Додека рекордни примања имаат вработениет во воздухопловниот транспорт кои во октомври земале просечна плата од 52.795 денари, покажуваат последните податоци кои што ги објави Државниот завод за статистика.
Според статистичарите просечната нето-плата во октомври била за 4 отсто поголема споредено со истиот месец претходната година. При тоа просечната нето плата исплатена во октомри достигна 23.356 денари.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (29,3%), рударство и вадење на камен (10,5%) и преработувачка индустрија (7,9%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење на камен (4,9%), транспорт и складирање (4,1%) и снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3,0%).
Во октомври 2017 година, 1,6% од вработените во Република Македонија не зеле плата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.