Напаѓачот кој со возило удри во пешаците во Мелбурн и повредил 19 луѓе, е пуштен од болница и се наоѓа во притвор додека полицијата го истражува мотивот за нападот, објави CNN.
32-годишниот Саед Ноори, австралиски државјанин со потекло од Авганистан, е уапсен по нападот на една од најраздвижените раскрсници во Мелбурн, кај железничката станица Флиндерс Стрит.
Ноори им бил познат на органите поради полесни физички напади во минатото. Исто така навеле дека се работи за психички болен човек и зависник од дрога. При испрашувањето осомничениот споменувал сништа и гласови, и лошо постапување кон муслиманите.
Девет негови жртви се странски државјани од Јужна Кореја, Кина, Италија, Индија, Венецуела, Ирска и Нов Зеланд. Најмладата жртва е 4-годишно дете од Јужна Кореја, кое е во стабилна состојба откако претрпело сериозни повреди на главата. Тројца повредени се во критична состојба.
Полицијата напад го третира како намерно дело, но не го смета за терористички напад, затоа што нема докази кои го поврзуваат напаѓачот со било каква терористичка група или пак со екстремистички политички мотиви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст