| четврток, 6 декември 2018 |

Досие: Соња „ТAT” повторно во затвор за измама тешка 600 000 евра


Познатата сопственичка на пропаднатата штедилница ТАТ од Битола, деновиве повторно е во затвор. Таа е спрoведена во затворот Идризово на издржување затворска казна за измама на неколкумина битолчани од кои успеала да земе над 600 000 евра.

Според пресудата Николовска ги измамила битолчаните дека ќе им овозможи да си го вратат заробените пари од нејзината пропадната штедилница. Им рекла дека и требаат пари за рестартирање на познатата битолска свилара со што наводно ќе ги вратела парите, но и ќе вработела нивни роднини. Таа на измаминети им рекла дека судот во Стразбур и го вратил имотот и златото и дека ќе почнела да работи печатницата на нејзиниот починат сопруг.

За парите, според пресудата ветила и камата. Најмногу зела од маж од Кравари околу 300 000 евра. Парите ги земала дел по дел во суми од 40 до 60 илјади евра. Еден од измамените е и нејзин братучед од кого зела најмалку пари. Од него парите ги зела оти се жалела дека дома немаат пари за јадење.

Извор: Досие

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top