ЕВН Македонија ќе ги интензивира контролите на мерните места и исклучувањата на корисниците кои навреме не ги платиле сметките за потрошена електрична енергија. За време на летниот период нема да се намалат активностите, туку напротив ќе се зголемат и екипите ќе бидат постојано на терен за да се откријат кражбите и да се опоменат корисниците кои подолг период не платиле за потрошената еклектрична енергија, велат од компанијата.
Во последните шест месеци ЕВН Македонија откри 1000 кражби на електрична енергија. Крадците потрошиле 16 милони киловат-часови електрична енергија или направиле штета од 113 милони денари или приближно 1 милон и 800 илјади евра. Државата е оштетена за процентот што не се плаќа по основа на данокот, но последиците од кражбите најмногу ги чувствуваат корисниците и дистрибутивниот систем.
Местата каде што се случуваат кражбите често се потенцијална опасност и за тие што ја крадат енергијата и за соседите и за околината. Нестручното и недозволено дејствување околу броилата често предизвикува пожари. За кражбите на електрична енерегија, покрај високите парични казни, се предвидени и затворски казни во траење до 5 години.
Препорака до корисниците е да не извршуваат никакви неовластени дејствија околу броилата бидејќи софистицираната опрема за откривањe на кражбите, асистенцијата на полицијата и судските вешти лица го комплетираат процесот за лесно откривање и санкционирање на кражбите на електрична енергија.
Корисниците, пак, кои имаат долг кон ЕВН Македонија треба навреме да го сервисираат, во спротивно кај сите вакви случаи ќе биде применета мерката исклучување како претпоследен законски механизам за наплата. По ова судот и извршителите ќе ја извршуваат наплатата на средствата за потрошена електрична енергија. Апелираме до корисниците да ги искористат сите начини кои ги нуди ЕВН Македонија за плаќање на сметките во рок, со што ќе ги избегнат судските рочишта и присилната наплата од извршителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


