Утре (сабота) со почеток во 12 часот во големата сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи традиционалниот симфониски концерт за деца, овој пат под наслов „Каде се подароците?“. Диригент е маестро Борјан Цанев, а како аниматор ќе учествува актерот Мартин Јордановски, миленикот на детската публика. Ќе бидат изведени композиции од Морис Равел, Јохан Штраус и Едвард Елгар.
Најмладите ќе имаат можност да уживаат во приказната за едно џуџе, испратено од Дедо Мраз, кое по пат ги загубило подароците кои требало да им ги подели на децата. На крајот подароците ќе бидат пронајдени кај 12 мали змејчиња…
Македонската филхармонија, на 28 декември, ќе го одржи и традиционалниот Новогодишен гала-концерт, под диригентство на Јерухам Шаровски од Израел и Милена Арсовска, сопран и Иван Наумовски, баритон како солисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст