| четврток, 6 декември 2018 |

Tрагедија: Почина едномесечно бебе во Скопје

Вчера, утрината околу 9:25 часот, во Итната медицинска помош во Скопје родителите пријавиле дека го пронашле безживотното тело на своето едномесечно бебе.

Како што соопштуваат од МВР, во разговор со нив, родителите на бебето изјавиле дека кога се разбудиле забележале дека бебето не дава знаци на живот. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на бебето било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top