| четврток, 6 декември 2018 |

Софија Куновска против Шекеринска: Дали јавното обвинителство ќе покрене постапка против министерката за тендерот без лиценца за мазут?

Во својот најнов Фејсбук статус поранешната пратеничка на СДСМ Софија Куновска му честита на СЈО за откривањето дека поранешен министер за земјоделство дава пари на продуцент без лиценца, додека Јавното обвинителство премолчува доделување на тендер од страна на актуелна министерка на фирма без лиценца за мазут.

-Честитки за СЈО!

Открива дека поранешнен министер за земјоделство дава пари на продуцент БЕЗ ЛИЦЕНЦА и покренува постапка.

Прашање за ЈО:
Актуелна министерка доделува тендер на фирма БЕЗ ЛИЦЕНЦА за мазут, и?

Законите биле за поправка. “Ма јели могуче?!?!?“, стои во нејзиниот најнов пост на Фејсбук.

Инаку поранешната пратеничка на СДСМ Куновска исто така преку социјалните мрежи обвини дека Радмила Шекеринска и Зоран Заев го киднапирале статутот на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top