| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ќе го прошири законот за прогласување медиуми за „странски агенти“

Руското Министерство за правда подготвува законски измени со кои секој медиум што се финансира од друга држава или странски граѓани ќе може да се прогласи како „странски агент“, што значи дека ќе мора да покаже повисоко ниво на транспарентност.

Потегот на Русија доаѓа откако руски медиуми, како Раша Тудеј и Спутник, се соочија со ограничување на нивната работа во САД и во некои западноевропски држави.

Руската Дума во ноември донесе закон со кој се овозможува означувањето на странски медиуми како „странски агенти“ и досега неколку американски државни медиуми, како Гласот на Америка и Радио Слободна Европа, беа прогласени за „странски агенти“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top