| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Села – Заев – се одлучува дали Села ќе остане во владата

Дали Алијасата за Албанците останува владин коалициски партнер ќе се знае по денешната средба во Владата меѓу лидерот на Алијансата Зијадин Села и премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев што е во тек.

Села кој околу 14 часот пристигна во Владата најави дека изјава е даде по средбата.

На средбата, како што веќе со денови се говори во јавноста ќе се разговара за позицијата на Алијансата во Владата, откако од вчера и дефинитивно Владата одлучи да го предложи Венко Филипче, актуелен советник на премиерот Заев, за нов министер за здравство, место кое повеќе од три месеци е испразнето, откако Арбен Таравари стана градоначалник на Гостивар.

Неофицијално, понудата на Села е вицепремиерско место и најверојатно заменичко во здравство.

Од Алијансата до последен момент порачуваа дека Министерството за здравство им припаша според договорот.

Али Ахмети, лидерот на ДУИ вчера во интервју за ТВ21 ја нарече АЛијансата несериозна партија која има само два пратеници и со тоа даде јасни сигнали дека не очекува повеќе да биде дел од владината коалиција.

Ахмети: Партијата на Села е несериозна партија, има само двајца пратеници

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top