| четврток, 6 декември 2018 |

Најмрачен ден во годината: Денес не треба да излегувате од дома

Според зборовите на астролозите 21 декември ќе биде најлош ден во 2017 година. Годинешнава краткоденица ќе се разликува од претходните, бидејќи по прв пат после 1664 година Сонцето влегува во куќата на Јарецот само неколку часа откако Сатурн ќе ја направи истата промена. Ова доведува до порамнување на Сонцето и Сатурн што носи многу негативни последици.

– На индивидуален план ваквата промена и паралела може да биде добра, но на микро ниво, никако – рекол Нил Спенсер.

Тој вели дека на 21 декември се што ќе правиме може да ни изгледа потешко од вообичаено, а започнување на нешто ново не се препорачува. Овој ден може да се чувствувате ограничено и принудено на некои работи, но не дозволувајте тоа чувство да влијае врз вашите обврски. Преземете мерки и не користете изговри како со недостигот на енергија би ја оправдале мрзеливоста. Ако треба да решите некој проблем, погрежете се тоа решение да е најдобро за сите, не само за вас.

Експертите од областа на фенг шуи советуваат внимание на 21 декември бидејќи е најпроблематичен ден и било каква актвиност би требало да се избегнува по секоја цена. Се нагласува дека секоја работа што ќе ја правите денес ќе се одолговлекува и дека многу околности ќе ве успоруваат се до јануари наредната година.

Избегнувајте да држите состаноци, да патувате, а се додека Меркур е ретограден нема да можеме да се опуштиме. Иако тој на 22 декември се преместува и тргнува по прав пат, неговото ретроградно влијание ќе го чувствуваме уште неколку недели.

Па еве, за оние кои веруваат во можеби би било најдобро овој ден да го поминете дома со некој добар филм и воопшто да не излегувате надвор како и ги избегнале сите проблеми и компликации кои оваа дата ги носи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top