Четириесетгодишниот стружанец Н.М доби кривична пријава за „противправно лишување од слобода“ и „одземање на моторно возило“ откако минатиот месец претепал едно лице, го врзал со јаже и му го украл возилото.
Пријавениот на 24 ноември годинава во Струга во возило, после вербална расправија со М.И.(28) од Струга, што прераснала во физичка пресметка, го прободел М.И. со нож во грбот.
Откако овој паднал на земјата, пријавениот продолжил да го удира, а потоа со јаже му ги врзал нозете, противправно го лишил од слобода, по што му го одзел возилото и заминал во непознат правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст