| четврток, 6 декември 2018 |

Го чекаше 12 години, а го изгуби за миг – Жика Тодоровиќ го обожуваше својот син, а сега се соочи со неговата загуба!

Србија денеска ја потресе веста за ужасната семејна трагедија која ја доживеаја актерот Срѓан Жика Тодоровиќ и неговата сопруга Ана.

Како што пренесуваат медиумите, малиот Дејан(3) синоќа ненадејно починал во семејниот дом во Врачар. За причините за смртта се уште се шпекулира, па излегоа информации дека детето починало од труење, други пренесуваат дека Дејан имал респираторни проблеми, па починал од синдромот на ненадејна смрт, но сепак последниот збор треба да го дадат официјалните лица.

Дејан пак беше прва и единствена радост на актерот кој најмногу го знаеме од серијалот „Ние не сме ангели“, но имаше и многу фруги забележителни улоги. Тој е син на познатиот актер Бора Тодоровиќ и внук на Мира Ступица. Срѓан пред само една година за својот син зборуваше со восхит.

-Животот ми се сврте за 180 степени. Се ми е поинакво, се ми е ново, нема веќе излегување, нема веќе зафркавања. Одговорноста е многу поголема – рече во таа прилика Срѓан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top