| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Николиќ се онесвести на танчарската проба

Ана Николиќ се онесвестила минатата недела за време на танчарската проба, а нејзините блиски соработници неколку минути не можеле да ја повратат, пренесуваат српските медиуми.

Ана се срушила во салата додека ја вежбала точката, бидејќи била исцрпена од диета и физички напор.

-Додека се обидуваше да изведе еден комплициран потег, само падна и остана да лежи во несвест. Во салата настана паника. Ја полевавме со вода, и викавме, но таа не доаѓаше на себе, вели изворот и додава дека соработниците веднаш повикале лекар.

-Направија се што треба и дадоа инфузија за да се опорави. Докторката кажа дека се префорсирала и дека мора да успори, раскажува изборот директно затечен од ситуацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top