| четврток, 6 декември 2018 |

Новак за првпат го покажа лицето на синот: Ова е Стефан Ѓоковиќ (фото)

Најдобриот српски тенисер со својот тригодишен наследник направи селфи во авион и моментот го сподели со целиот свет.

Ова е првпат Новак на сите да им покаже како изгледа неговиот син. Ноле не ја наведе дестинацијата каде летаат, но јасно е дека заминаа на исток, бидејќи се приближува денот за неговиот повраток на терен, односно на 29-ти декември во Абу Даби.

Новак и Стфеан имаат одлично расположение, како што може да се види, а малиот Ѓоковиќ имаше порака до светот – исплазениот јазик.

„Време за патување меѓу татко и син“, напиша Ноле.

Браќната двојка Ѓоковиќ имаат две деца, освен Стфеан ја имаат и тримесечната ќерка Тара.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top