| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата за деца „Кучешки приказни од Тафталиџе 1“

В сабота, 23 декември во книжарницата „Литература.мк“ со почеток во 12 часот е закажана промоцијата на книгата за деца „Кучешки приказни од Тафталиџе 1“ и дружење со авторката Јасмина Кантарџиева Димков и илустраторот Ивица Спасовски.

Промотор на книгата ќе биде Билјана Црвенковска, писател и уредник на литература за деца и млади во „Арс Ламина публикации“.

Дикси, Тајсон, Иза, Леа, Макс, Ситни, Буцко, Бели, Буч и Брзи се десет неразделни пријатели, десет мили и весели кучиња од една мошне добро позната населба – Тафталиџе 1.
Ја знаете, нели?

Животот во Тафталиџе 1 тече мирно и безгрижно…
Кучињата секојдневно се дружат и шетаат по познатите улици „Виенска“, „Букурешка“, „Париска“, „Прашка“, „Лондонска“, „Варшавска“, „Хелсинки“, а маалото е полно весели кучешки лаежи.

И сè би било совршено, да не е тука Страшилото и неговите миленици, бандата мачки…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top